10 ВЕШТИНИ ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ

1. Живејте среќен зивот со правење план за својата среќа.

Никој од нас не би почнал да прави торта, без рецепт, никој не би тргнал на непознато место,

без мапа. Како тогаш да бидеме среќни без прво да направиме план како да стигнеме до нашата среќа. Со правење на план за нашата среќа, го правиме првиот чекор кон среќата. Тоа не носи од местото каде што сме, до нашиот среќен живот.

Следете ги следниве чекори за да го направите својот план за Среќен Живот:

* Размислете и појаснете си, зошто сакате среќен живот

* Одлучете, кога ќе почнете со градење на своите вештини за среќа

* Размислете, кои вештини за среќа сакате да ги научите

* Одлучете, по кој редослед сакате да ги изградите овие вештини

* Научете како да ги изградите своите вештини за среќа

2. Развијте се себе си за да живеете среќен живот

Се сеќавате на моментот, кога сакавте да направите нешто, но ви изгледаше невозможно?

Можеби беше моментот кога, за прв пат пробавте да возите точак, или кога прашавте некој дали ќе сака да излезе со вас. Тогаш го направивте тоа и свативте дека е нешто што сте го имале во себе. Истото е и со создавањето на среќен живот- Првиот чекор е да верувате во себе и во својата способност да живеете среќно. Тогаш ќе сватите дека всушност секогаш сте го имале тоа во себе. Клучот за среќен живот е посветеноста за вашиот личен развој.

Еве како да ги изградите своите вештини за личен развој:

* Создадете мајндсет кој ќе ве фокусира да верувате во себе и во своите способности, за да создадете среќен живот.

* Идентификувајте ги своите вредности

* Со свои зборови, дадете дефиниција за среќен живот

* Секогаш забележувајте го својот напредок во личниот развој

* Слободно побарајте помош/совет од блиските, искуствата на другите луѓе можат да ни помогнат во нашиот развој.

3. Позитивно размислување за создавање на среќен живот

Сите знаеме некој, кој секогаш ги гледа лошите страни на секоја ситуација. Можеби тоа сме баш ние. Ако сватиме која е моќта на позитивното размислување, ќе научиме како дури и во најтешките ситуации да најдеме нешто позитивно, нешто што ќе не научи нова лекција, која ќе ни помогне во создавањето на нашиот среќен живот.

Еве неколку начини што ќе ви помогнат да размислувате позитивно:

* Помогнете му на мозокот да размислува позитивно

* Започнете го денот со замисла како би изгледал еден ден во вашиот среќен живот и водете го денот во таа насока.

* Уживајте целосно во среќните/позитивни моменти

* Обрнете внимание на позитивните работи во вашиот живот

* Направете колекција на позитивни слики или изреки кои ќе ве мотивираат

* Мислете позитивно, но мислете и негативно кога навистина треба

* Практикувајте благодарност

* Престанете да го намалувате својот успех

4. Покачете си ја самодовербата за да создадете среќен живот

Доколки имаме недостих на самодоверба, нормално е да помислиме дека нешто не е во ред со нас, дека не постои нешто што би можеле да направиме за да се подобриме или смениме во себе за да стигнеме до нашиот среќен живот. Самодовербата е вештина, кога ќе научиме како да мислиме, да чуствуваме и како да се однесуваме на начин кој ќе не направи личноста која ние самите ја сакаме, дури тогаш ке станеме самоуверени и како резултат на тоа ке живееме среќен живот.

Еве неколку начини како да ја подигнете својата самодоверба:

* Покажете сочуство кон себе

* Замислете го своето ‘’најдобро ЈАС‘’

* Бидете свесни за своите сили

* Прославете го својот успех

5. Направете баланс меѓу работата и животот

Дали сте уморни, демотивирани и депримирани, дали ви треба одмор? Кога ќе научите како подобро да балансирате меѓу својата работа и живот, ќе можете подобро да го употребите времето кое го имате. Како резултат на тоа, ќе почнете повеќе да уживате во сите свери на животот.

Еве неколку начини, како да го подобрите балансот меќу работата и животот:

* Откријте дали сте на раб на прегорување

* Воспоставете подобри граници

* Правете повеќе работи кои ви даваат енергија и ве прават среќни

6. Изградете отпорност за посреќен живот

Понекогаш животот знае да не бутне на земја, едноставно е неизбежно. Но начинот кој ке го одберете за да станете е тоа што е битно за среќен живот. Создавањето на емоционална отпорност, ќе ви помогне како подобро да се справите со предизвиците и потешкотиите. Така ќе можете побрзо да се вратите во нормала и како резултат на тоа ќе имате се повеќе среќни денови, секој месец, година.

Еве неколку начини како да создадете отпорност:

* Вежбајте како да бидете поприфатливи, во секоја свера

* Внимавајте на својата ситуација, за да ви се зголеми свеста

* Најдете ја позитивата во секоја негативна ситуација

* Направете колекција на слики или изреки кои ќе ве инспирираат и потикнат да живеете среќен живот.

* Разберете ги бенифициите од негативните емоцции

* Зголемете ги своите вештини за справување со нештата

* Ставете крај на негативните мисли

7. Бидете повеќе свесни за да создадете среќен живот за себе

Во време кога технологијата е на толку високо ниво, речиси целиот наш живот го зивееме на аутопилот. Како резултат на тоа ја губиме свеста за самите себе, за нашиот живот. Можеби живееме среќен живот, но не сме ни свесни за тоа. Со подигање на свеста за себе, ќе престанеме да се чуствуваме немо и ќе можеме подобро да уживаме во се што животот може да ни понуди.

Еве неколку начини како да ја подигнете својата свест и да живеете среќен живот:

* Бидете присутни во секој момент

* Од време на време, дајте си одмор од технологијата

* Обрнете повеќе внимание да ја најдете целта на вашиот живот

* Поминувајте повеќе време со себе, без некој да ви додева

8. Најдете ја вашата животна цел за посреќен живот

Сите сакаме, нашите животи да имаат значење, може да ни биде потешко да разбереме што всушност нас ни значи тоа, но никој не рече дека ќе биде лесно. Целта на животот е различна кај секого, и знаењето да се препознаее таа претставува вештина само по себе. Со градење на оваа вештина, вашиот живот ќе стане подрагоцен и среќен.

Еве неколку начини како да ја најдете својата цел:

* Идентификувајте ги своите вредности

* Позитивно влијајте на животите на другите

* Откријте кој е вашиот двигател

9. Практикувајте да правите добро за да живеете среќен живот

Честопати се фокусираме на тоа како да го подигнеме нивото на нашата среќа, што прави да заборивиме или да не забележиме како влијаеме на другите. Да се биде љубезен е еден од начините како да го направиме својот живот посреќен. Љубезните дела создаваат пролонгирано чуство на среќа. Кога ќе ја научиме оваа вештина, нивото на среќа автоматски ке се покачи.

Еве неколку начини како да бидете пољубезни:

* Практикувајте благодарност

* Имајте позитивно влијание во животите на другите

10. Изградете здрави врски со луѓето за посреќен живот

Многу често ја правиме грешката да мислиме дека мораме сами да ја изградиме среќата во нашиот живот. Но, долгата среќа всушност доаѓа од врските кои ги градиме со други. Здравите врски се најважен фактор за нашето здравје и среќа. Заота со учење како да изградиме подобри врски со луѓето околу нас, ние создаваме посреќен живот за себе.

Еве неколку начини како да ги поддобриме нашите врски:

* Оставете го телефонот кога седите со некого, фокусирајте го вашето внимание на личноста која одвоила време да биде со вас

* Бидете благодарни

* Бидете внимателни како ги употребувате социалните медиуми

Секако, за да ги изградите сите овие вештини, ќе ви треба време. Доколку ви треба помош, побарајте ја од некој кој ќе може да ве води низ чекорите кои треба да ги направите за да стигнете до вашата СРЕЌА.