ПЕРИОД НА НАСТИНКИ – КАКО ДА ГИ ПОБЕДИТЕ

Луѓето кои се под стрес, луѓе кои не применуваат здрава исхрана се поподлежни на настинки или грип. Стресот, не доволно спиење

или одмор, различните токсини кои секојдневно ги внесуваме, можат да ја влошат здраствената состојбата во ова време на настинки.
За среќа постојат природни лекови кои можат да ни помогнат во овој период. 
Грипот настанува од инфлуенца вирусот и е пренослив, се шири преку воздухот од човек на човек.
Знаци и симтоми кои иницираат дека имате вирус можат да бидат следниве:

• Температура
• Кашлање
• Растечен нос
• Болки во мускулите и телото
• Главоболка
• Замор
• Повраќање
• Диареа

Секој може да го добие грипот, особено мали деца, трудници и лица постари од 65 години. Во овие случаи треба да се обрне повеќе внимание за да не дојде до посериозни компликации.

Со применување на следниве работи можете да го намалите ризикот за ширење на грипот.

• Останете дома кога сте болни од грип
• Секогаш, покривајте ја устата со шамивче при кашлање или кивање
• Доколку морате да бидете меѓу луѓе кога веќе го имате фатено грипот, ставете маска што ја покрива устата и носот.

Но вистинското прашање е, како да го победите грипот.

1. Витамин Ц. Земете од 1000 мг до 4000мг на ден. Јадете многу овошје и зеленчук. Ц витаминот му помага на имуниот систем да функционира и да зајакне.
2. Витамин Д3. Витаминот Д го добиваме од сонцето до 2000 ИУ на ден, затоа пробајте барем еден дел од денот да излезете на сонце.
3. Масло од оригано, по 500 мг 2 пати на ден. Маслото има големо антивирусено дејство.
4. Квасец, тој содржи големо ниво на витамин Б, хром и протеини. Што прави стимулација кај имунитетот и позитивно влијае на микробиомот.
5. Пеперминт уље. Се нанесува на вратот и на стопалата.
6. Чист Воздух. Излезете надвор на чист воздух. Седењето дома во зимските денови може да биде изворот за концентрирани токсини и бактерии. Сувиот воздух кој го дишеме заради греењето на домовите, ги прави дишните патишта почуствителни и подлежни на вируси.
7. Спиење. Одморот е многу битен, нашите дела се лечат при спиењето.
8. Храна:

• Супи
• Варени зеленчуци
• Многу чаеви
• Вода
• Топла вода со мед, лимон и цимет
• Чај од свеж ѓумбир
• Лук и кромид

Постојат уште неколку други работи кои треба да се практикуваат преку целата година, за да се превенира настинка/грип:

• Да се конзумира здрава храна (разновидна и со витамуни)
• Вежбање
• Спиење (спиењето е есенциално за телото да може да функционира)
• Намалете со количините на шеќер кои ги конзумирате, шеќерот го намалува имуниот систем и помага во растењето на бактериите.
• Чист воздух како и сонцето секогаш се препорачуваат секогаш