ИСПЛАНИРАЈТЕ КАКО ДА ГО ЖИВЕЕТЕ ЖИВОТOT

Многумина од нас се чуствуваме како да лебдиме во животот, работиме напорно, но чуството дека ништо не правиме, не не напушта.

Главна причина за тоа е фактот дека не посветуваме многу време мислејќи, што всушност сакаме ние од нашиот живот и не си поставуваме цели за себе. Сепак, дали некој од нас би се согласил за големо патување, без да ја знае барем дестинацијата? Најверојатно не.

КАКО ДА СЕ ПОСТАВАТ ЦЕЛИ

Прво, размислете убаво што би сакале да постигнете, а потоа посветете се. Поставете паметни, дофатливи, мерливи, временски цели, кои ќе Ве мотивираат и запишете ги. Потоа испланирајте ги чекорите кои треба да ги направите, за да се реализираат тие цели. Како ги постигнувате, така вадете ги од листата.

Поставувањето на своите цели е моќен процес на размислување за Вашата совршена иднина. Како и за да Ве мотивира да ја реализирате таа идеална слика за својот живот што ќе ја поставите.

Овој процес ќе Ви помогне да изберете, каде би сакале да бидете во Вашиот живот. Знаејќи што точно сакате да постигнете, се концентрирате на целта.

Тоа ќе овозможи лесно да ги согледувате работите кои го одвлекуваат вашето внимание.

ЗОШТО ДА ПОСТАВИТЕ ЦЕЛИ?

Врвни атлетичари, успешни бизнисмени, сите поставуваат цели. Поставувањето на своите цели, дава долгорочна визија и краткорочна мотивација. Го фокусира вашето знаење и ви помага подобро да го организирате своето време и ресурси за да можете во целост да уживате во својот живот.

Со поставување на директни, јасно дефинирани цели, ќе можете да го измерите својот успех, што ќе доведе то потполна гордост и мотивација за понатаму.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ЦЕЛИ

Ги поставувате своите цели во неколку нивоа.

* Прво ја креирате својата ‘’ Голема Слика’’ за тоа што сакате во својот живот (или во временска рамка, за 10 години на пример) со тоа ги зацртувате поголемите цели кои сакате да ги постигнете.

* Потоа ги делите на се помали и помали цели, кои ќе мора да ги постигнете за да стигнете до крајната цел ‘’ Големата Слика’’

* На крај, откако целите се поставени и го имате својот план, можете да насочите кон нивно остварување.