ДИЗАЈН

Креативност значи на најдобар начин да се пренесе промотивната идеја, укажувајќи им на купувачите како производот/услугата ќе ги задоволи нивните потреби и желби или ќе им овозможи да ги решат нивните проблеми. Во комуникацискиот процес, креативноста е важна при изготвување на содржината на пораката и обликот и дизајнот на презентирање на пораката.
NETPROMO нуди :

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И БРЕНДИРАЊЕ

Дизајнот е креативната страна на бизнисот. НЕТПРОМО ќе Ви предложи или ќе го визуелизира сeкое Ваше идејно решение ( боите, типографијата, изгледот) со цел другите да можат полесно да го разберат Вашиот производ, услуга, бизнис, рекламна кампања и сл., во една организирана и ефикасна целина што продава.
Нудиме :
 Комплетен визуелен идентитет
 Дизајн на лого
 Графичко обликување на рекламни материјали (лого, визит карта, меморандум, папка, банер, флаер, честитка)
 Графичко обликување на брошури, каталози
 Графичко обликување на списанија, Подготовка за печатење

ВЕБ ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНИЦИ

Изработуваме функционална интернет страни за мали, средни и големи бизниси, од идеја до финален производ. Обезбедуваме сигурна интернет трговија на вашите интернет продавници и применуваме различни методи и техники на вашата интернет страница, со цел постигнување на подобро позиционирање на сите интернет пребарувачи.
За повеќе информации околу цените и условите контактирајте не, со задоволство ќе Ви помогнеме.