ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

Профил на компанијата


Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје е компанија за неживотно осигурување, една од топ три осигурителни компании во Република Македонија. Компанијата е во приватна сопственост и е формирана 2002 година како green-field инвестиција. Стратегијата на Еуролинк Осигурување е насочена кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на нашите клиенти, формирајќи подобрени понуди од постојните и нови осигурителни производи. Еуролинк Осигурување нуди широка лепеза на продукти од неживотно осигурување, како што се осигурување на имот, осигурување на моторни возила, патничко осигурување, осигурување од професионална одговорност, осигурување на деловни објекти, имоти, осигурување на вработени, приватно здравствено осигурување, и нуди повеќе различни видови на пакети кои се прилагодени за да ги пресретнат сите потреби за осигурување на граѓаните и бинисите. Нашата визија се базира на обезбедување подобар стандард во услугата, поголема вредност на продуктите, поголемо задоволство на нашите клиенти и вработени. Затоа над 450.000 клиенти го одбираат Еуролинк за свој осигурителен партнер. Како резултат на се поголемата препознатливост на компанијата, Еуролинк Осигурување е избран за бренд на 2013/2014 и за 2015/2016 година. Еуролинк Осигурување е компанија позната и препознаена по својата ориентираност кон иновациите и за првпат на македонскиот пазар ја воведе мобилната апликација - Eurolink Osiguruvanje – која на корисниците им нуди можност за купување полиси, плаќање фактури, пријава на штети и следење на статусот на истите, да добијат корисни информации и кога се во движење. Клиентите можат да го добијат Еуролинк Осигурување 24/7/365 на телефонскиот број ++ 389 2 15 888. Еуролинк Осигурување има 30 свои филијали на целата територија на Република Македонија. Тимот на Еуролинк Осигурување брои над 240 вработени, и постојано се збогатува со млади професионалци кои не само што придонесуваат кон успехот на компанијата, туку и ја надградуваат својата кариера преку едукации и тренинзи. Силен столб на одржливиот развој на Еуролинк Осигурување е корпоративната општествена одговорност. Платформата за општествена одговорност на Еуролинк Осигурување “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности” поддржува различни активности кои ги покриваат сегментите образование, уметност и култура во Република Македонија. URL: www.eurolink.com.mk FB: www.facebook.com/eurolinkmk/ LinkedIn: www.linkedin.com/company-beta/35961/

Контакт

Контакт
Град: Скопје
Адреса: Ул. Никола Кљусев бр 2
Тел. број1: +389 2 32 89 301
e-mail: eurolink@eurolink.com.mk
web-site: Еуролинк Осигурување
Tagged on: