15geurolink

ОСИГУРУВАЊЕ – ЕУРОЛИНК

Eurolink Osiguruvanje – Прва мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар

Mобилната апликација Eurolink Osiguruvanje e првата мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар, со која на корисниците им овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, плаќање на доспеани рати, пријавување евентуални штети и следење на статусот на истите, информации за услугите и понудите и кога сте во движење. На тој начин компанијата, преку својата мобилна апликација „Eurolink Osiguruvanje“, ја олеснува интеракцијата со своите клиенти и ја унапредува достапноста на своите производи и услуги. Апликацијата е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или iOS оперативните системи.

Преку апликацијата едноставно и брзо може:
• да се купат и платат полиси за патничко осигурување и станбено осигурување Доми комплет со 10% попуст,
• Да се пријави штета и следи статусот на истата.
• Да се добие комплетен увид во полисите,
• Лесно и безбедно да се изврши плаќање на фактурите или доспеаните рати, како и
• да се добијат информации за најновите промоции, продажни места и актуелности од компанијата.

Мобилната апликација „Eurolink Osiguruvanje“ е достапна за симнување од Google Play и App Store без никаков надомест.

Корисниците на Андроид оперативниот систем може да ја преземат апликацијата од овој линк
Корисниците на iOS може да ја преземат апликацијата од овој линк
За повеќе посетете ја нашата веб страна www.eurolink.com.mk