ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ КАЈ ДЕЦАТА ПРЕД ДА ПОЧНАТ НАСТИНКИТЕ….

Со доаѓањето на есента како и започнување на школската година, се повеќе вирусите и инфекциите ни стануваат непријатно секојдневие. Честопати родителите трошат многу пари, се со цел да најдат вистинска заштита за нивните дечиња и препарат кој ќе го зајакне имунитетот кај децата. Секој производител смета дека неговиот суплемент е најдобар, но што навистина е добро за Вашето дете и кој додаток во исхраната ќе поттикне зајакнување на имунитетот и долготраен ефект е големо и важно прашање. Голема грешка е што родителите често пати применуваат засилена витаминска доза со цел да го надминат нарушениот имунитет во моментот кога настанало болест, но тоа може да доведе и до хипервитаминоза кога даваме се сешто само да спречиме настинка. Живееме во време каде брзата храна е примарна, сведоци сме на загаденост на воздухот, храна која е прскана со разни пестициди во се поголеми количини, грицки и слатки преполни со емулгатори и слични засилувачи на ароми и вкусови, кои се повеќе придонесуваат имунитетот кај децата да е се послаб и да се осетливи и на најслаби бактерии. За таа цел додатоците во исхраната кај децата се неопходни и потребно е да се земаат пред да дојде време на инфекции.

Киндеримун претставува делотворен, превентивен одговор за проблемите со нарушениот имунитет кај децата, особено во периодот на учебната година кога е зачестена појавата на разни инфекции развиени како резултат на долгиот престој во затворени простории. Богат со квасни бетаглукани, витамини B1 Б2, Б6, Б9, Б12, Ц, цинк, инулин, колострум и млечно-киселински бактерии, Киндеримун го поттикнува и зајакнува имунитетот кај децата, го зголемува апетитот, помага за регулирање на работата на дигестивниот систем, овозможувајќи здраво, безгрижно и активно детство.

Искуство на задоволни мајки : Јас сум Емилија Р. Мајка на 7 годишно дете и моето искуство е одлично со препаратот Киндеримуно. Моето дете уште од 3 годишна возраст често имаше бронхитис, скоро на секои 2 недели, а со секоја температура ние стигнувавме до бронхитис и на крај и до бронхопнеумонија. Се обидовме со најразлични витамини, чаеви, и што не, но ниту еден препарат не успеа да го подигне имунитетот и барем да го одложи следното разболување. Кога дознав за Киндеримуно, веднаш го купив, а најмногу ми привлече внимание бидејќи е богат со Витамини Б, со Цинк кој со ништо неможат да го внесат децата во доволни количини, а цинкот учествува во повеќе од 300 метаболички процеси во организмот, колострумот како и млечно-киселинските бактерии. Да бидам искрена по 1 месец консумација, најпрво, детето доби желба за јадење и му се зголеми апетитот многу повеќе, качивме некое кило плус и што е најважно многу, многу ретко оттогаш се разболуваме. Пресреќна сум и од се срце го препорачувам, бидејќи мојата ќерка сега има 7 години и во последниве години најискрено дали 1-2 се разболела годишно, откога редовно го користиме Киндеримуно.

Јас сум Ивана С. Имам 4 годишно синче, кое откако доби сипаници пред 1 година имунитетот многу му опадна. Нашите настинки беа со високи температури, спуштање секрет на плуќа за само неколку часови и многу чести настинки. Сестра ми ми го препорача Киндеримуно, иако јас не верував многу бидејќи сешто имав пробано за подобрување на имунитетот и ништо не ми помогна. Но, се обидовме и започнавме да го консумираме, за само неколку месеци имавме значително подобрување на имунитетот и што е најважно на подолг рок. Презадоволна сум и го препорачувам бидејќи се што има во него е важно за правилен раст и развој на децата како и создавање на имунитет.

Повеќе за производите на следниот линк.

киндеримуномече2еурофармкартичка3