Delicious birthday cake on table on bright background

ИГРОТЕКА

Тениски клуб Евросет – детски роденден -10% на пијалок + бесплатен простор

Тениски клуб Евросет има одлична локација, блиску до центарот на градот, но доволно далеку од градскиот метеж да овозможи пријатен престој и релаксирана атмосфера. Тениски клуб Евросет располага со 4 тениски терени на земјена подлога кои овозможуваат неверојатно спортско искуство, како за своите гости во рамки на хотелот, така и за оние кои доаѓаат однадвор да се рекреираат со своите пријатели. Тениски клуб Евросет обезбедува и личен тренер за сите оние кои сакаат да започнат со овој спорт, или па имаат желба да ги подобрат веќе стекнатите вештини. Тенискиот клуб Евросет е во склоп на хотелот Евросет. Хотелот располага со 7 удобни и модерно уредени соби кои гарантираат пријатен престој за своите гости. Истиот нуди неверојатен поглед на падините на планината Водно и реката Вардар. Персоналот на хотелот ќе Ве удостои познатото македонско гостопримство негувано низ вековите од генерација до генерација. Спортскиот клуб за своите гости обезбедува свој паркинг простор, детско катче за најмладите каде што и можете да ги прославите нивните родендени како и бар со прекрасен поглед каде може да се релаксирате по одличната партија тенис.
Град: Скопје
Адреса: Skupi бб.
ФБ: Тениски клуб Евросет
Тел. број1: 02 309 5385