promoitalialogo

ЕСТЕТСКА КОЗМЕТОЛОГИЈА

anti aging center by PROMOITALIA

ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA

""Anti Aging Center by Promoitalia е прв од овој вид во Македонија и единствениот носител на брендот Promoitalia на Балканот. Нашата врвна опрема и техники се гаранција за успех. Мој личен предизвик е да создадеме нешто убаво во оваа земја полна со убави жени, кои придаваат големо значење на својот изглед, односно да обезбедиме центар што ќе им овозможи да ја негуваат својата убавина. Ние ќе ја освоиме Македонија со бренд со долга традиција и со загарантирана професионалност и неинванзивни медицински, естетски третмани, како и патентирани технологии, за кои нашите специјалисти имаат добиено специјален тренинг во Милано.
Дури и изгледот на центарот е уникатен. Внатрешните декорации се разликуваат од тие во сите други центри низ светот. Јас лично имам вложено сè во овој проект и секогаш се обидувам да оставам свој естетски печат на проектот. Внатрешниот изглед ја отсликува мојата лична тенденција за професионализам, со примеси на модерен и динамичен поп-арт стил. Секој клиент мора да чувствува сигурност, удобност и згриженост во центарот, како и да ги почувствува бенефитите од третманот.
Сега за сега само Скопје ќе има перфектно организиран антиејџинг центар од Promoitlia, со професионален и обучен тим. Јас ќе работам напорно да лансирам висококвалитетна кампања и надвор од градот, низ Македонија, како и во странство, во соседните земји. Македонија е срцето на Балканот и нашиот антиејџинг центар ќе ги освои срцата на многу жени што сакаат нивната убавина да биде негувана од страна на оригинален бренд, опрема, техники и професионален медицински тим.""
− ОЛГИЦА СТОЈИМИРОВИЌ - сопственик

Контакт

Град: Скопје
Адреса: 1737 бр.32 лок. 34-36


Тел. број: 02 3131 - 316

e-mail: contact@antiagingcenter.mk
web-site: Promoitalia

Tagged on: