pekologo2

ПРОДАВНИЦА ЗА ОБУВКИ

Пеко

ЗА НАС

Друштвото ПЕКО ДОО Скопје кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. и за целиот тој период покажува позитивни финансиски резултати. На основа на официјалните податоци од државните институции, ПЕКО ДОО Скојпе од 1998 па се до 2007 год. се наоѓаше меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија, која во вкупниот приход на ниво на гранка учествува со 15%.

Со цел да ги задоволи потребите на своите потрожувачи, ПЕКО ДОО Скопје е застапник на повеќе брендови меѓу кои и познатите: Цицибан, Планика, Ара, Габор, Зен и Имак.

Мотото за успех на оваа компанија е неговата визија за инвестирање во своите вработени и нивната постојана едукација.

ИСТОРИЈАТ

ПЕКО ДД Тржич е една од водечките компании од чевларската индустрија како во Словенија така и во останатите бивши Југословенски простори и Европа. ПЕКО ДД Тржич го има формирано познатиот словенски трговец и производител Петар Козина и тоа на 25-ти март 1903 година. Во знак на благодарност и сеќавање ПЕКО ги користи првите две букви од неговото име и презиме. Оваа компанија е познат производител на квалитетни и елегантни обувки, а денес своите производи ги пласира во Македонија, Хрватска, Србија и пошироко во Европа. Покрај производството, првиот сопственик на ПЕКО ја отвара и првата продавница во Љубљана во 1921 година, во Белград и Загреб во 1925 година, а во Скопје во 1950 год.

Во своите најдобри времиња во ПЕКО бележи околу 5000 вработени, производство на 4.000.000 пара обувки од кои 60% биле наменети за извоз.

По распадот на поранешна Југославија, ПЕКО ДД Тржич во Македонија формира посебно друштво со цел своите производи да ги пласира на македонскиот пазар.

Контакт

Град: Скопје
Адреса: ГТЦ Кеј 13 Ноември 2/7


Тел. број: +389 02 3163 740

e-mail: info@peko.com.mk
web-site: Пеко

Tagged on: