трендаскоцка

СТУДИО ЗА УБАВИНА

Тренд АС

Почитувани клиенти со задоволство сакаме да Ве известиме за отворањето на нашиот уште еден салон во Козле на Леринска 73 веднаш до Германска амбасада и по тој повод до крајот на годината изберете услуги по ваша желба во вредност од 36.000, а ние ќе ви наплатиме само 6.000.

Само најдоброто е доволно добро за Вас тоа е нашата визија што ќе не води да бидеме дел од семејството успешни.
Вака ја започнавме нашата прикаска и продолжуваме со истата мисла, истата желба, истата визија.
Во салонот за убавина ТРЕНД АС - третмани за слабеење и целосно отстранување на целулитот со професионални апарати(мезотерапија ,БХС 301,кавитација,РФ,Слим фат,Тотал вибес, Софт Солве,електростимулации,термо кебе,тунел сауна ),третмани на лице,ласеротерапија,лифтинг,линфна дренажа,аромотерапија,масажи(антицелулитни,релакс,туина,спортска,физикална,СЕН ТАО со вулкански камења,масажа против стрес,баланс релакс,подигање на гради,на задник,депилација топла-ладна,надградба на нокти(акрил,гел),трепки,маникир,педикир,парафинско пакување,сауна,надградба на коса и усте педесет други видови услуги.

Чувајте го здравјето ,негувајте ја убавината во салонот за убавина ТРЕНД АС.
Во салонот за убавина на располагање ви стојат врвна услуга,амбиент и иновации што за нас се филозофија на живеењето.Сето ова ни помага да ги достигнеме непоматените стандарди на совршенство.
За сите што тежнеат кон постојана виталност и блескава енергија..
Во ТРЕНД АС ќе откриете нови начини да ја постигнете посакуваната цел и ќе ги проширите своите хоризонти за одржување на формата.
Вештите раце на нашиот професионален персонал преку многу видови на масаши кои ви се достапни во Тренд Ас ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да ја обновите хармонијата во организмот.
Во едно секојдневие обременето со стрес ,есенцијата на здравјето е мир во душата заедно со добро оформеното тело.

BODYMASTER

Електростимулации –апарат од новата генерација на апарати за редуцирање на целулитот и сите неестетски недостатоци на телото.

Со овие третмани се постигнува микростимулација на ткивото и кршење(дробење) на целулитот,електромасажа,линфна дренажа,корекција на неестетските недостатоци на телото како и забрзување на циркулацијата. Има 10 програми а со нивно комбинирање се постигнуваат видливи резултати.

Маникир

Маникир е средување на природните нокти.Неопходен е не само од естетски туку и од хигиенски причини За да Ви изгледаат ноктите средено потребно е да се отстрани маснотијата од нокната плочка да се средат кутикулите како и да се обликув ноктот според желбата на клиентот.Препорачуваме овој третман да го правите на две недели.Поклонете им на Вашите дланки потребна нега бидејки негуваните нокти се огледалото на секоја жена која води сметка за изгледот.

Парафински третман за раце

Ако дланките и заноктиците ви се испукани ,суви и рапави тогаш парафинското пакување е правиот избор.Со овој третман се постигнува одлична циркулација,се одржува влажноста и еластичноста на кожата.Се препорачува еднаш неделно.Ефектот е видлив и после првиот третман а за подолготрајно решение потребни се 10 третмани последователно.

Педикир

Педикир е третман со кои се негуваат стапалата.Се препорачува да се прави еднаш месечно без разлика која е возраста на клиентот. Ноктите и петите на стапалата треба да се одржуваат не само поради естетки причини туку и од медицински аспект. Со педикирот не само што добивате потполн третман на стапалата туку и парафинско пакување кое се прави после педикирот но пред лакирање на ноктите.Осетете ја магијата на парафинот на Вашата кожа а доколку посакате педикирот може да заврши со масажа на стапалата

Надградба на нокти

Надградбата на нокти има пред се заштитна функција на природните нокти а освет тоа ке добиете и елегантен и убав изглед на вашите дланки.Надградбата на нокти односно со која техника ке се работи е индивидуална во зависност од подлогата односно природниот нокт од надворешните фактори како и навиките на клиентот.Клиентот може да се олучи за надградба со типс,гелни наливни или акрилни нокти. Многу е важно да знаете дека корекцијата на ноктите се прави на три до четири недели.Доколку ви се случи да скршите нокт од надоградените нокти побарајте од стручно лице да ви го надогради.Исто така запамтете дека вадењето на ноктите после најмалку месец дена треба да го направи стучно лице се со цел да не се оштети природниот нокт.

Професионална шминка

ТРЕНД АС е со Вас и во најбитните моменти од Вашиот живот
Шминка за сите прилики,матурска вечер,свадба,родендени како и денска шминка.
Планер за младенци во салонот за убавина ТРЕНД АС
Венчавката е момент кој се памти вечно во животот.Бидете среќни,задоволни и самоуверени.
За невестата
1 месец пред венчавката - посетете салон за убавина
3 недели пред венчавката - направете ја пробната фризура и поќнете со користење на солариум
2 недели пред венчавката -посете те го фризерот заради промена(шишање,боење на коса и сл)
1 недела пред венчавката - депилација,педикир,релакс масажа
2 дена пред венчавката - надградба на нокти,ароматерапија,третман на лице за длабинска нега со Ц витамин ,надградба на коса (доколку сте одлучиле да ја користите и оваа услуга)
На денот на венчавката - парафинска ракавица,надградба на трепки,шминка и фризура и на крајот опуштете се уживајте и кажете ДА
За младоженецот
2 недела пред венчавката - посета фризер (шишање)
1 недела пред венчавката - педикир,депилација,релакс масажа,маникир и третман на лице
На денот на венчавката - парафинска ракавица,маска на лице за длабинска нега,шминка ,фризура и на крајот опуштете се и кажете го Вашето ДА.

Град: Скопје
Адреса: Ул. Виктор Иго бр. 23


Тел. број 1: 078 700 528
Тел. број 2: 02 2772850

Tagged on: