Крф за Велигден – локална традиција со длабока историја

Мистично привлечен, спакуван во историски приказни. Обоен од влијанија на најразлични цивилизации, фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е склоп на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима… Но, поважно е да дознаете зошто за Вас, Крф ќе биде идеалното место за прославување на најголемиот христијански празник. Ако за Божиќ велат каде и да си, дома да си, тогаш за Големата ноќ треба да си на Крф.
Местото кое е светски познато по традицијата и церемониите кои го одбележуваат празникот и се одржуваат два дена. Атмосферата е хармонија од обединети обичаи на православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

КРФ – ВЕЛИГДЕН 2017
Термин на патување 13.04-17.04.2017

Цена на аранжманот – 7,378 денари (119€)


Дознај повеќе на следниов линк.