Почина македонската народна пејачка легенда-Вања Лазарова!

На 86-годишна возраст почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова.
Вања Лазарова е родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско.
maxresdefault
Лазарова испеала стотина македонски изворни народни песни, од кои најголем дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има работено во Операта при МНТ, била член на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ и настапила на голем број концерти низ светот.
vanja_lazarova-520x502
Пеела во „Алберт хол“ во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Особен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ за музиката за филмот „Пред дождот“, кој во 1994 освои „Златен лав“ во Венеција.
MP-21255