pakomaklogo2

ОТКУП НА ОТПАД

Пакомак

Пакомак е непрофитна компанија, основана на 3.12.2010, чија дејност е управување со отпадот од пакување. Согласно со новиот Закон за управување со пакувањето и со отпадот од пакување, Пакомак од 10 јануари 2011 е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи.

Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Македонија: Пивара Скопје АД Скопје; Прилепска пиварница АД Прилеп; Витаминка АД Прилеп; Пелистерка ДОО Скопје; Магрони ДОО Скопје (Ладна, Добра вода); Кодинг Дооел Кавадарци (Горска вода); Кожувчанка ДОО Кавадарци; Вивакс Дооел Скопје; Благој Ѓорев АД Велес; ВВ Тиквеш АД; ВВ Стоби АД.

Целта на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата и согласно со европските регулативи - да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Пакомак е отворен за вклучување на сите компании што имаат обврска да го менаџираат својот отпад од пакување и што се свесни за својата општествена одговорност за обезбедување поздрава животна средина. Во рамките на Пакомак, новите компании-членки имаат еднаков третман како и компаниите-основачи.

Од 20 мај 2011 Пакомак е 34-тата национална непрофитна компанија што се приклучува кон интернационална мрежа за управување со амбалажен отпад ProEurope (http://pro-e.org/), со што ја добива лиценцата за употреба на симболот "Green Dot". Green Dot е финансиски симбол, кој означува дека за пакувањето што го има тој знак е платен надомест за постапување со отпадот по употребата.

Контакт

Град: Скопје Адреса: Бул. Партизански одреди, Порта Влае блок 4
Тел. број: +389 2 20 44 567
e-mail: n.bogdanovska@pakomak.com.mk web-site: Еко-центар
Tagged on: